Слот: Разочарани сме што Трент си заминува!

40

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, за прв пат ја коментираше одлуката на Трент Александар-Арнолд да го напушти клубот. Холанѓанецот рече дека сите што ги сакаат „црвените“ се разочарани, но не сакаше да им дава совети на навивачите како да го пречекаат својот поранешен миленик откако ја објави веста. Слот откри дека Конор Бредли ќе започне на десната страна од одбраната на натпреварот со Арсенал во недела.

„Мислам дека секој што го сака Ливерпул и е наш навивач е разочаран затоа што си заминува добра личност, не само многу добар бек. Работев во клубови како АЗ и Феенорд кога исто така си заминаа добри играчи, па затоа сум малку повеќе навикнат на тоа. Моето искуство е дека кога ќе си замине добар играч, друг ја користи предноста за да излезе на виделина. Тоа ќе се случи и сега.“

Слот не ја откри следната дестинација на Трент, но и дека не може да каже каква ќе биде неговата следна дестинација.

„Не сум тука да им кажувам на навивачите како да реагираат. Момците имаа неколку слободни дена, па ќе почекам и ќе видам како ќе се чувствува Трент. Разговарав со него преку WhatsApp, но да почекаме и да видиме. Не сум тука да им кажувам на навивачите како да реагираат. Трент рече дека ние, како тим и клуб, не треба премногу да се расејуваме од оваа вест, па се надевам дека целата енергија ќе оди кај играчите, навивачите, а што е можно помалку кај Трент, освен ако не е позитивна“. 

Што се однесува до дуелот со Арсенал потенцира дека и двата тима ја посакуваат победата, иако титулата е решена.

„И двата тима со нетрпение го очекуваат овој натпревар и ја посакуваат победата, иако ќе беше поинаку доколку шампионската титула веќе не беше решена. Тешко е да се предвиди. Во ред, можеби влоговите за Арсенал се повисоки. Тие сакаат да го загарантираат своето место меѓу првите 4, и веројатно претпочитаат второ место пред трето или четврто. Ние можеме да завршиме само на првото место“, рече Слот на прес-конференција.

ПретходноТренерот на Денвер за 0/10 на Јокиќ: Разбирам зошто е фрустриран
СледноЈокиќ призна: Бев најлошиот играч на теренот