ТФТ после продолжение го победи Работнички за 1-0 во полуфиналната серија (ФОТО)

42

ТФТ поведе во полуфиналната серија во плеј-офот против Работнички со 1-0, откако после продолжение славеше со 98-90. Ако се земе во предвид дека домашниот тим во голем дел од мечот имаше двоцифрена предност, победата е сосема заслужена. На другата страна „црвено-белите“ успеаја да се вратат во игра за триумф, но во клучните моменти целосно потфрлија.

Говенс со 25 поени беше прв стрелец, но важните поени ги постигна Браун, кој зад своето име запиша 21 поен и 9 скока. На другата страна Ѓуроски имаше 20 поени, додека Дубински 19.

ТФТ доминираше во првото полувреме, со серија од 7-0 на крајот на првата четвртина поведе со девет поени разлика (25-29). Избраниците на Боро Смилевски не застанаа тука, за кратко време имаа двоцифрено водство од 31-21, на одморот резултатот беше 49-41.

После одморот тимот од Тафталиџе одржуваше двоцифрена позитива која кон средината изнесуваше 15 поени разлика (65-50). Работнички постојано вршеше притисок, но никако не успеваше да се закани посериозно се до 35-та минута кога успеа да казни неколку грешки на противникот и да дојде на минус три 77-74.

Драмата почна минута и пол до крајот, Дубински со седум поени во низа израмни на 83-83. На 15 секунди до крајот Шошкиќ бше половичен од линијата за слободни фрлања за нов егал (86-86). Зафиров не успеа да донесе победа за ТФТ, па мечот се решаваше во продолжение. Во дополнителни пет минути кошаркарите на тимот од Тафталиџе не дозволија овој меч да го загубат, одиграа на високо ниво и н крајот сосема заслужено славеа со 98-90.

ПретходноЈуве испушти победа во 90+7.минута среде Рим!
СледноЗа Миовски дваесетина минути: Џирона со пораз од Виљареал на свој терен!