Ханси Флик пред утрешното Ел Класико: Не ми е гајле за табелата, мора да победиме!

146

Утре од 16.15 часот на “Монжуик“ во Барселона домашниот состав го дочекува Реал Мадрид во уште едно Ел Класико. Тоа ќе биде мега – дерби кое би можело да го одлучи шампионот, а може и во целост да ја замрси состојбата на табелата. Ако победи Барса ќе има +7 бода пред Реал на три кола до крајот, ако победи гостинот тогаш разликата ќе биде само +1 за Барса на три кола до крајот ако се знае дека сега каталонците имаат предност од 4 бода.

Во пресрет на утрешниот дуел, стратегот на Барса, Ханси Флик истакна:

Едноставно не ми е гајле за тоа како изгледа сега табелата. Ние мора да победиме. Сакаме да победиме. Нашиот менталитет е тој, уште од самиот почеток на мечот ќе тргнеме офанзивно без никакви каллкулации. Знам дека Реал има фантастичен тим, сепак играме дома пред нашите фанови, одиме на победа“ рече покрај другото германскиот стратег.

Претходно“Бомба“: Елмас во следната сезона ќе игра за Ајакс?!
СледноЈуве испушти победа во 90+7.минута среде Рим!