За Миовски дваесетина минути: Џирона со пораз од Виљареал на свој терен!

100

Каква победа на Виљареал на гости кај Џирона на Миовски и тоа со 0:1. Победа голема три бода кои значат и тоа како во битката за пласман во Лигата на Шампионите. Се играше 89.минута кога Ете Ејонг убаво со глава ја затресе домашната мрежа.

Реално гостите беа подобри, имаа повеќе изгледни шанси за гол и заслужено победија.

Инаку македонскиот напаѓач Бојан Миовски повторно од клупа го започна мечот, но влезе во игра во 73.минута место Стуани и беше на терен дваесетина минути. Сепак ни тој не и помогна на Џирона барем да дојде до бод.

ПретходноТФТ после продолжение го победи Работнички за 1-0 во полуфиналната серија (ФОТО)
СледноГостивар го победи Вардар и се спаси, ама го испрати Шкупи во Втора лига!