Македонија на пред своите навивачи е огромен фаворит, Литванија е без шанси во Скопје!

925

Македонската ракометна репрезентација по триумфот на гости кај Естонија целосно се врти кон утрешниот дуел против Литванија во СЦ „Јане Сандански“. Ова е последен квалификациски натпревар и воедно одлучувачки за пласман на Европското првенство 2026 година.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци немаат голем избор, мора да ги победат Литванците со најмалку два гола разлика за да го заверат местото на континенталното натпреварување, секое други сценарио ќе значи крај на една долга традиција.

Македонија е трета на табелата во својата група, има два бода помалку од директниот конкурент Литванија. По убедливиот триумф над Естонија, на нашите момци им е потребен триумф од два гола, разлика со која Литванција славеше дома.

После Светското првенство во Вараждин, но и убедливото издание против Фарски Острови на домашен терен за пласман токму на последниот Мундијал, во кој Македонија успеа да надокнади негатива од седум гола, Лазаров и неговите избраници на домашен терен се голем фаворит за утрешната средба.

Обложувалниците веќе ги извадија своите коефициенти, за победа изнесува 1.12, ремито е 14, додека пак дека Литванија ќе направи изненадување во Скопје коефициентот е речиси 9.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија стартува во 18 часот.

ПретходноМакедонија успеа да го доведе: Мисимовиќ јуниор доаѓа да игра за нас
СледноВаленсија не застанува пролетва