Еипата на Фрајбург полека но сигурно го изборува патот за во Европа сезонава. На стартот на викенд програмата во Бундес лигата, овој тим на гостувањето кај Холстен Кил извојува одлична 1:2 победа и на тој начин го запоседна четвртото место со 55 бода кое води на меѓународна сцена летово секако. Росенбум им овозможи на домашните 1:0 водство, а Манзамби до полувреме направи 1:1.
Холер во 58. минута го доведе Фрајбург во водство, а подоцна и до конечен тримф.
Бохум доживеа дебакл на свој терен со поразот од Маинц од 1:4, а нешто слично му се случи и на Унион Берлин. Хаиденхаим беше тимот кој што обезбеди 0:3 на гости кај тимот од главниот град.
Конечно, Вердер и Лајпциг РБ одиграа без голови во најздодевниот меч од пладневната програма.
Резултати:
Бохум – Маинц 1:4
Унион Берлин – Хаиденхаим 0:3
Вердер – Борусија М. 0:0
Холстен Кил – Фрајбург 1:2