“Јамал е најдобриот тинејџер во изминатите 50 години!“

98

Иако дури во јули ќе наполни 18 години, сепак според некои уште сега со само 17 години Ламине Јамал во моментов е најдобриот фудбалер во светот. Иако не успеа во епскиот меч во Милано да го совлада барем еднаш Јан Зомер, а имаше 3-4 шанси, сепак младиот офанзивец на Барса во целост го искажа сиот свој талент.

Да не говориме дека ниту Меси ни Роналдо не играле така кога биле на негова возраст.

Нема сомневање дека светот на фудбалот добива нова мега – ѕвезда во рангот на Меси, Марадона, Пеле, Кројф, Роналдо Назарио, Кристијано Роналдо.

А еве што мисли Гери Невил, легендарниот некогашен бек на Манчестер Јунајтед и селекцијата на Англија:

Според мене Ламине Јамал е најдобриот тинејџер кој сме го гледале во последните 50 години. Никогаш никој досега на негова возраст не играл така како него и ги немал бројките кои ги има Јамал. На 17 години одигра 100 меча, а успеа да освои неколку трофеи со Барселона, а стана и европски првак со Шпанија“.

ПретходноЕрата на Алонсо започнува катастрофално: Арсенал му „украде“ спектакуларно засилување од Реал!
СледноКој ќе го избегне баражот? На Тиквеш му недостига само бод, и Брера сама си решава, на Беса и е најтешко!