Македонската ракометна репрезентација се избори за ново Европско првенство. Во последниот квалификациски меч, нашите момци ја совладаа Литванија и како второпласирани од својата група го заверија деветото ЕП, осми по ред.
Пред почетокот на последните квалификациски натпревари против Естонија и Литванија, РФМ ги откри премиите за пласман на континенталното натпреварување. Ракометарите ќе поделат премија од три милиони денари, 1,5 милион денари од РФМ и 1,5 милиони денари од Министерството за спорт.
Премијата е повеќе од заслужена, бидејќи оваа нова генерација покажа дека ракометната репрезентативна иднина ни е во сигурни раце.