Неверојатно: Интер само од настапот во ЛШ оваа сезона заработи фантастични 200 милиони евра!

158

Така е тоа кога имаш успех во Лигата на Шампионите, кога победуваш и кога ќе обезбедиш пласман во големото финале. Имено вчера медиумите во Италија пренесоа дека Интер, тимот кој што на 31 мај против ПСЖ ќе игра на „Алијанц Арената“ во Минхен во финалето во ЛШ, оваа сезона само од настапот во најквалитетно европско клупско натпреварување заработил близу 200 милиони евра.

Тоа се 133 милиони евра досега, а може и плус 10 милиони ако победи во финалето и најмалку 60 милиони евра од продадени билети на домшните мечеви во ЛШ оваа сезона.

Тоа се многу пари и за гиганти како што е Интер. Само од тие пари може да го плати првиот тим со играчи кои би имале годишни плати од 10-12 мииони евра, тука се пресметани и порезите.

Ете затоа сите се тепаат да играат во Лигата на Шампионите и да стигнат што подалеку.

Да заклучиме. Интер оваа сезона со парите заработени во ЛШ прости ги исплати сите договори на своите играчи за оваа сезона, тука ги сметаме и порезите.

ПретходноБаварците не се шегуваат: Баерн потпишал два преддоговори со Вирц!
СледноФантастично Ел Класико: Мбапе за 0:2, а Барса со пресврт до 4:2 на полувреме!