Никола Митревски: Македонија со стил се пласира на ЕП 2026!

    236

    Зарем некој се посомнева дека нашата најдобра ракометна селекција че ја пропушти оваа шанса, за да дома пред своите фанови, пред преполните трибини во “Јане Сандански“ ќе успее да ја оствари целта?

    Никогаш немојте да се сомнавате во овие момци, тие уште еднаш покажаа како се игра и се бори за Македонија.

    Честитки за сите наши ракометари за тоа што ни приредија уште една радост, а еве што истакна голманот Никола Митревски по мечот и убедливата победа над Литванија.

    Како што кажав пред овие два меча така и беше, дека сме фаворити и дека ќе победиме убедливо. Да, со стил се пласиравме на уште едно ЕП, Македонија одигра како што и доликува. Благодарност до публиката која уште еднаш беше фантастична, како и секогаш кога игра Македонија. Можеби на почетокот бевме малку поспори, но потоа почнавме да играме како што се договаравме. Мислам дека покажавме дека заслужено се пласиравме на ова ЕП“ рече голманот Митревски кој успеа да одбрани два седмерци на овој меч со Литванците.

    Во продолжение тој додаде:

    И на двата меча игравме на победа. Игравме да покажеме дека можеме да победиме. Бевме убедени во нашиот квалитет и бевме убедени дека ќе победиме. Да кажам дека уште на собирот од првиот ден, уште на првиот тренинг во пресрет на овие два меча разговаравме меѓу себе за тоа како да ги добиеме двата меча и да докажеме дека со право сме се пласирале на ЕП. И јасно е дека таму очекуваме да имаме свој збор што се вели“заклучи Митревски.

    ПретходноИнтер славеше на гости кај Елмас и остана во трка за Скудетото
    СледноСтефанов лично им честиташе на ракометарите: Имаме дух, енергија, дишеме заедно, честитки и со среќа!