Стефанов лично им честиташе на ракометарите: Имаме дух, енергија, дишеме заедно, честитки и со среќа!

421

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, по завршувањето на денешниот меч со Литванија, влезе во соблекувалната на Македонија и лично им честиташе на нашите момци за остварениот пласман на уште едно Европско првенство.

„Честитки за пласманот. Со среќа нека е. Машки, борбено, храбро со срце ја израдувавте цела сала и цела нација. Одигравме според очекувањата, ги завршивме квалификациите според планот. Ни следи настап на ЕП во јануари. Да продолжиме вака, имаме добар дух, имаме одлична енергија, дишеме како еден и натаму да се радуваме на многу победи и успеси заедно“, порача Стефанов.

ПретходноНикола Митревски: Македонија со стил се пласира на ЕП 2026!
СледноЛазаров: Одигравме екстра меч, знаевме што сакаме