Уф, каков трансфер тоа би бил: Де Брујне му се нуди на Реал Мадрид!

403

Кевин Де Брујне и официјално по завршување на сезоната ќе си оди од Манчестер Сити. Играчот за врска кој стана легенда на Сити не крие дека е разочаран од тоа дека Пеп Гвардиола и “граѓаните“ не му го продолжија договорот. Па така сега една од топ – темите во светот на фудбалот е таа каде ќе ја продолжи 38-годишниот својата кариера.

Се споменуваа екипи од МЛС, потоа Наполи, имаше „приказна“ и за Манчестер Јунајтед и уште неколку клубови, но вистинска “бомба“ лансираат дел од медиумите во Шпанија.

Тие пренесуваат дека менаџерите на Де Брујне го понудиле во Реал Мадрид и што е најважно “кралевите“ не рекле не. Значи има шанса овој можен спектакуларен трансфер и да се оствари.

Останува да се види дали така и ќе биде.

ПретходноМеси постигна гол, Алба блесна со асистенција, но Интер Мајами претрпе тежок пораз (ВИДЕО)
СледноЕХФ излезе со математики: Македонија ќе го оди потешкиот пат за пласман ЕП 2026