Фудбалерите на Ливерпул и Арсенал ремизираа на „Енфилд“ со 2:2 во натпреварот од 36-тото коло од Премиер лигата. Шампионите очигледно и не дадоа се од себе, но беа многу блиску до нова победа. „Црвените“ водеа со 2:0 на полувреме, но дозволија во второто полувреме тимот кој се бори за место во ЛШ следната сезона да дојде до бод.
Ливерпул започна молскавично и поведе со голот на Коди Гакпо во 20. Минута, а само една минута подоцна на асистенција на Доминик Собослај Луси Диаз погоди и за 2:0.
Во 47-та минута, Леандро Тросар премногу лесно се најде во ситуација да центрира без да биде нападнат од Конор Бредли, што Габриел Мартинели го искористи за да го совлада Алисон со глава за 2:1. Добрата игра на гостите беше крунисана со гол во 70. минута за 2:2. По феноменалниот шут на Мартин Едегор, топката падна директно во главата на Микел Мерино, а играчот од средниот ред израмни.
Истиот играч набрзо доби втор жолт картон, што му овозможи на Ливерпул силно да продолжи напред. До крајот на мечот Ливерпул беше блиску до победа, но резултатот остана непроменет.