Американецот со македонско потекло, Дени Мусовски во моментов го игра фудбалот на својата кариера. Членот на тимот на Сиетл Саундерс во МЛС лигата на САД, на пет меча последователно постигнува голови и е вистински хит во оваа фаза од шампионатот на оваа земја.
Последно Мусовски погоди во победата над Хјустон на гостински терен од 1:3, а претходно се запиша во листата на стрелците и против Солт Лејк Сити, Колорадо, Нешвил и Далас.
Мусовски беше интересен за нас во времето кога селектор на Македонија беше Игор Ангеловски, што сега веќе и не е така близу, но никогаш не доби повик за Македонија.
Можеби сега, откако влезе во одлична голгетерска форма да конкурира за нашиот национален тим кој сега е под водство секако на Благоја Милевски.