Ел Класико: Барса сака четири од четири, Барса сака титула! Може ли Реал да покаже зошто е “кралски клуб“?!

144

Денеска од 16.15 часот на програмата е последното овосезонско Ел Класико, последното одмерување на силите на најголемите фудбалски клубови на планетава. Барселона на “Монжуик“ против Реал Мадрид, дуел за сите вистински фудбалски фанови, мега – пресметка за уживање, меч кој може да го одлучи шампионот за оваа сезона во Ла Лига.

Имено Барса има +4 бода во однос на Реал и со победа веројатно ќе стави печат на пехарот во Ла Лига, ќе има +7 на три кола до крајот. Во случај пак Реал да победи ќе дојде на -1 во однос на Барса и во последните три кола битката за титулата ќе ја направи пекол.

Image

Оваа сезона Барса на сите три меча против вечниот ривал забележа три победи, и тоа со 4:0, 5:2 и 3:2. Секако дека каталонската гордост посакува четири од четири и посакува титула. Реал Мадрид од друга страна ќе се обиде да покаже зошто е “кралски клуб“. Да дојде до победа, конечно оваа сезона да изнајде тактика со која може да и се спротистави на страшната Барса која пред неколку дена заедно со Интер, го одигра веројатно мечот на деценијата во ЛШ. Но и таквата Барса не успеа да се пласира во големото финале во Лигата на Шампионите.

Кога играат Барселона и Реал Мадрид тогаш Шпанија трепери, тоа е битка и меѓу Каталонија и Кастиља, тогаш и фудбалскиот свет трепери. Сите сме во очекување на нешто големо, на спектакл кој може само овие два тима да ни го приредат и никој друг.Image

Ова ќе биде последно Ел Класико за Дон Карло Анчелоти. По завршување на сезоната Италијанецот си оди од Реал. Човекот кој им донесе многу радости и пехари секако дека ќе сака токму денеска да дојде до победа среде Каталонија. Дали ќе може? Тоа ќе го видиме некаде после 18 часот.

Тоа е тоа народе. Бидете спремни за нешто големо, за мега – спектакл, за пресметка Барса – Реал.

Да, Каталонија против Кастиља, Барса против Реал, Флик против Дон Карло, Јамал против Мбапе!

ПретходноФешта во Хамбург: Илјадници навивачи истрчаа на теренот (ВИДЕО)
СледноПоследно „Ел Класико“ за Анчелоти: Мојот меден месец со овој клуб никогаш нема да заврши!