ЕХФ излезе со математики: Македонија ќе го оди потешкиот пат за пласман ЕП 2026

6309

Шеснаесет репрезентации веќе го обезбедија своето место на ЕХФ ЕУРО 2026, додека осум билети сè уште се слободни, а за нив се борат репрезентациите на Македонија и Србија, откако своите места ги обезбедија Словенија, Хрватска и Црна Гора.

Еве како изгледа моменталната ситуација и на кого што му е потребно за ЕП 2026. Дефинитивно за Македонија има само еден пат, а тоа е победа со два гола, додека пак Литванија има и шанса со реми, обична победа или пораз од еден гол. Мечот меѓу Македонија и Литванија е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.

ГРУПА 1: Потврдено: Словенија е прва, Естонија последна

-Ако Македонија победи со 2 гола, тогаш е втора, во спротивно 3-та
-Ако Литванија победи, нерешено или изгуби со 1 гол, тогаш е 2-ра, во спротивно 3-та

ГРУПА 2: Потврдени: Унгарија (1), Црна Гора (2), Финска (3), Словачка (4)

ГРУПА 3: Потврдени: Исланд (1), Грузија (2)

Да се ​​одлучи: Грција или БиХ да завршат 3-ти*

ГРУПА 4: Потврдено: Летонија (4), Шпанија квалификувана, но без фиксна позиција

Да се ​​одлучи:
• Ако Италија одигра нерешено или победи, тогаш е 2-ра, во спротивно 3-та
• Ако Србија победи, тогаш е 1-ва или 2-ра, во спротивно 3-та
•Италија или Србија да завршат 3-ти*

ГРУПА 5: Потврдено: Хрватска (1), Чешка (2)

Да се ​​одлучи: Белорусија или Луксембруг да завршат на 3-тото место*

ГРУПА 6: Потврдено: Фарски Острови и Холандија се квалификуваа, но без фиксна позиција.

Да се ​​одлучи: Украина или Косово да завршат на 3-тото место*

ГРУПА 7: Потврдено: Германија (1), Турција (4)

Да се ​​одлучи:
• Ако Австија одигра нерешено или победи ќе биде 2-ра, во спротивно 3-та
• Ако Швајцарија победи, тогаш е 2-ра, во спротивно 3-та
• Австрија или Швајцарија да завршат 3-ти*

ГРУПА 8: Потврдено: Португалија (1)

Допрва ќе се одлучи: Романија, Полска и Израел дали ќе завршат на 2-ро/3-то место*

* Поради многу големиот број на можности, не се објавени пресметки за рангирање на третопласираните екипи. Четирите најдобро третопласирани екипи од осумте групи ќе бидат потврдени од EHF кратко време по завршувањето на сите натпревари во недела.

ПретходноУф, каков трансфер тоа би бил: Де Брујне му се нуди на Реал Мадрид!
СледноКалин со стартна победа во квалификациите на челинџерот во Загреб