Лазаров го одреди составот за одлучувачкиот меч против Литванија

1044

Македонската ракометна репрезентација сама ќе ја крои судбината за пласман на ЕП 2026 година. Математиката е јасна, нашите момци мора да ја победат Литванија со најмалку два гола за да заверат ново големо натпреварување. Директниот конкутент има шест бода, два повеќе од Македонија.

Селекторот, Кирил Лазаров го објави составот за овој меч. Лазаров одлучи да не прави промени, ќе настапи со истите сили како против Естонија.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.

ПретходноПМФЛ: Работнички VS Вардар – Соседско дерби бр.79 на ФФМ, Тиквеш и Брера по бодови на Чаир и Струга!
СледноДени Мусовски во фантастична форма, постигна пет гола на пет мечеви по ред (ВИДЕО)