Меси постигна гол, Алба блесна со асистенција, но Интер Мајами претрпе тежок пораз (ВИДЕО)

98

Ѕвездениот Интер Мајами претрпе тежок пораз од Минесота Јунајтед со 1:4 во натпревар од регуларната сезона на американската главна фудбалска лига. Благодарение на победата, Минесота се искачи на четири бода од врвот на Западната конференција, додека Интер остана на четвртото место на Истокот.

Почетната постава на Хавиер Маскерано вклучуваше три од големите ѕвезди на тимот во лицето на Жорди Алба, Серхио Бускетс и Лионел Меси, а четвртото познато име, Луис Суарез, не беше во состевот за натпреварот.

Веднаш по паузата, Меси (45’+2′) го врати Интер Мајами во натпреварот со гол, на асистенција на Алба. Сепак, гостите не беа во можност да направат брз пресврт и наместо тоа аргентинскиот дефанзивец Марсело Вајганд си постигна автогол (68′).

Кон крајот, тие примија уште еден гол, кој го постигна финскиот играч од средниот ред Робин Лод (70′).

ПретходноПоследно „Ел Класико“ за Анчелоти: Мојот меден месец со овој клуб никогаш нема да заврши!
СледноУф, каков трансфер тоа би бил: Де Брујне му се нуди на Реал Мадрид!