Со две победи во еден ден и со максимален учинок низ целата сезона Пелистер ја освои кадетската тутула шампион на Македонија.
Во финалниот натпревар на завршниот турнир во Автокоманда, Еурофарм Пелистер ја совлада Струга со 38-31 (18-11).
Најефикасни во победничкиот тим во финалето беа Трсунов со десети Данчевски и Ѓорѓиевски со по шест гола.
Третото место му припадна на тимот на Пролет, кој во славеше над Мулти Есенс со 27-26.
Претходно, двете полуфинални донесоа неверојатна неизвесност, откако Струга во пенал-рулет го елиминираше Пролет, додека Е. Пелистер исто така на седмерци беше подобар од Мулти Есенс.