Попладнево од 17 часот ќе се одиграат четири средби од 32.или претпоследни коло во нашата елитна лига. Однапред се знае дека Беса и Шкендија службено ги добија средбите со Воска и Гостивар.
Дерби на ова коло е дуелот меѓу Работнички и Вардар кое ќе се одигра на ФФМ. Иако нема никакво резултатско значење ова Соседско дерби бр.79, сепак ќе се игра за престиж. Работнички сака со добра игра и добар резултат да потврди дека заслужено ова лето ќе игра во Европа. Вардар пак сака да ја продолжи серија без пораз оваа пролет и да дојде до 16 меч без да биде поразен во низа.
Традицијата вели дека Вардар во изминатите мечеви, а се одиграле 78, бил поуспешен. Има 34 победи, Работнички 25 победил, а 19 завршиле без победник. На последниот кој се одиграл во март, исто на ФФМ, Вардар славеше како гостин со 0:2.
Во Кратово домашниот Силекс го дочекува Пелистер во меч кој ќе се игра исто за престиж.
На останатите два меча нема да биде така. Имено на Тиквеш му треба само бод од последните две кола за да избори директен опстанок, па затоа кавадарчани денеска на Чаир против Шкупи ќе играат на бод(ови).
На Брера и требаат три бода во последните две кола, па затоа и струмичани денеска во Струга ТЛ ќе сакаат да дојдат до бодови.
ДВОЈКИ ЗА 32.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Работнички – Вардар
Шкупи – Тиквеш
Силекс – Пелистер
Струга ТЛ – Брера
Беса – Воска 3:0 (сл)
Гостивар – Шкендија 0:3 (сл)
ТАБЕЛА
Шкендија 70, Силекс 63, Работнички 56, Струга ТЛ 49, Вардар 39, Пелистер 38, Шкупи 34, Тиквеш 32, Брера 30, Беса 30, Гостивар 21, Воска -5.