Познати се сите 24 патници на ЕП, Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците

824

Македонија и уште седум репрезентации вечерва го потврдија своето место ЕХФ ЕВРО 2026 во последното квалификациско коло.

Покрај нашата репрезентација, Србија, Австрија и Полска ги обезбедија своите места на завршниот турнир со освојување на второто место во своите групи. Во меѓувреме, Романија, Италија, Швајцарија и Украина се потврдени како четирите најдобри третопласирани екипи, а исто така ќе се упатат и кон завршниот турнир во Данска, Норвешка и Шведска следната година.

Словенија и Хрватска патуваат како единствени со перфектен скор, Данска, Норвешка и Шведска одат како домаќини, на ЕП 2026 ќе биде Франција која е бранител на тронот, како и Исланд, Португалија, Холандија, Чешка, Германија, Грузија, Црна Гора, Шпанија, Ф.Острови и Холандија.

Македонија пред ждрепката која е закажана за во четврток, противниците ќе ги чека од третиот шешир.

ПретходноБраво Македонијо! Одиме на ново Европско! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Следно39 гола во дебитантската сезона: Мбапе е нов рекордер на Реал (М)!