Завршија првите полувремиња од четирите средби од 32.коло во нашата елитна лига.
На дербито кое се игра на ФФМ меѓу Работнички и Вардар нема голови. Вардар нешто подобар, ако се знае дека Мато имаше шанса а Закариќ во 45.минута ја погоди стативата на Работнички.
Во Кратово домашниот Силекс и Пелистер исто така играат 0:0.
Во Струга, домшниот тим поведе со 1:0 со голот на Кехинде, за да Брера израмни на 1:1 со голот на Ндзенгуе. На Чаир пак гостите од пенал со голот на Миловановиќ поведоа со 0:1, за да Имери со прекрасен шут од далечина израмни на 1:1.
Пред мечот емоции на Чаир. Фудбалерите на двете екипи заедно позираа во чест на Андреј Лазаров.