Полувреме: Македонските ракометари водат против Литванија со два гола разлика!

272

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против Литванија има предност од 13-11. Ова е последен меч од квалификациите за пласман на ЕП 2026, кој „црвено-жолтите“ мора да го добијат со два гола разлика.

Томовски има пет одбрани, Серафимов три гола, додека по два имаат Ивановски и Кузмановски.

Нашите ракометари лошо го отворија мечот, тргнаа во грч, имаа четирите нерализирани напади, на другата страна Литванците после осум минути игра поведоа со 0-4. Гостите беа цврсти во одбраната. Кирил Лазаров повика тамј-аут, капитенот Филип Кузмановски го постигна првиот гол, (од седум метри), Митревски запиша одбрана, а Мартин Ивановски намали 2-4 во 10 минута. Осум минути подоцна, Македонија со серија од 3-0 успеа да израмни на 6-6 со Серафимов, Костески и Лазаревски.

Од 20-та минута на теренот ја водивме Македонија која сите ја посакуваме, Томовски повторно беше одличен на голот, а тоа беше доволно да им даде ветер во грб на своите соиграли, Серафимов и Атанасијевиќ ги донесоа првите плус два (10-8, во 23. минута). Нашите ракометари не искористија два напади за да ја зголемат позитивата.

„Црвено-жолтите“ плус два (11-9) имаа и во 27. минута, по нова одбрана на Томовски, но останаа со играч помалку. Но, тоа не смени ништо, Јагуриновски и Пешевски после две минути зголемија на три гола разлика (13-10). Литванците добија пенал, намали на 13-11 на одморот.

ПретходноЕл Класико: Џабе хет-трикот на Мбапе, Барса почна да слави титула! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Вардар гази се пред себе, Тиквеш обезбеди директен опстанок, Брера до бод кај Струга ТЛ (ВИДЕО)