По цели седум години пауза, ова лето конечно Работнички ќе игра во Европа и тоа во квалификациите во Лигата на Конференции. Со оглед на тоа дека долго време беше надвор од Европа, клубот од Градски парк го загуби тој добар коефициент што го имаше, па затоа ќе биде неносител на ждрепката за 1.квалификациско коло во ЛК. Ќе почне со коефициент 1.233, што е најмал од сите учесници во оваа фаза.
Јасно е дека допрва треба да се види со кого може Работнички да се падне, но сепак дел од можните ривали уште сега се познати.
Тоа се Шамрок Роверс (Р.Ирска), Хелсинки (Финска), Клаксвик (Ф. Острови), Викингур Рејкјавик (Исланд), Ларне (С. Ирска), Паиде (Естонија), Партизани Тирана (Албанија), Сент Патрик (Р. Ирска), Кауно Жалгирис (Литванија), Ордабаси (Казахстан) и други нешто полесни противници.
Инаку и Силекс ќе се најде во ждрепката за стартот на кваликациите во ЛК и со коефициент 2.500 веројатно исто ќе биде во групата на неносители.
Македонија во оваа фаза ќе има уште еден претсваник, а тоа ќе биде победникот од Купот на Македонија,
Ждрепката ќе се одржи на 17/18 јуни, а мечевите од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференци се закажани за 10 и 17 јули.