Само реми против Џенова: Наполи му дава шанса на Интер

111

Екипите на Наполи и Џенова ремизираа со 2:2 во вечерашниот драматичен натпревар од италијанската Серија А. Избраниците на Антонио Конте ја имаа победата се до 86-тата минута, но Џенова успеа да изедначи и да го врати Интер во трката за тронот.

Резултатот го отвори Ромелу Лукаку во 15-тата минута, а во 32-та Мерет си постигна автогол за изедначување. Во второто полувреме повторно Наполи поведе преку Распадори во 64-та минута, но во 86-тата Васкез погоди и го постави конечниот резултат 2:2.

Со ова реми Наполи се задржа на врвот на табелата со 78 бода, еден повеќе од второпласираниот Интер. Џенова се наоѓа на 13-тата позиција со 40 бода.

ПретходноТоа е Јунајтед: Гигантот од “Олд Трафорд“ нема да им дава бесплатни билети на своите вработени за финалето во Билбао!
СледноБилетите за СП 2026 се продаваат по рекордни цени, пакетот за мечевите во Њу Џерси чини 73.200 долари!