Тонали и Бруно Гимараеш му донесоа победа на Њукасл, на Челзи му виси пласманот во ЛШ!

38

Попладнево во меч од 36.коло во Премиерлигата, Њукасл на свој терен успеа со 2:0 да го победи Челзи и тоа со головите на Сандро Тонали уште во 2.минута, како и на Бруно Гимараеш во 90.минута.Треба веднаш да се каже дека сега Њукасл има 66 бодови и се наоѓа на третата позиција на табелата, додека Челзи остана на тие 63 бода, но сега е на петтата позиција со меч повеќе од Нотингем Форест. Ова значи дека на “сините“ од Лондон и тоа како им виси пласманот во Лигата на Шампионите за следната сезона. Да потсетиме дека од ПЛ се пласираат првите пет екипи а шестиот ќе се бара од победникот во Лигата на Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Важно е да се напомене дека Њукасл од 36 минута имаше играч повеќе откако беше исклучен напаѓачот на гостите, Џексон.

ПретходноВеќе испаднатата Монца со гол во 90.минута за победа во Удине!
СледноУжас: Загина кошаркар на Монако, повредени се тренерот и уште неколку играчи!