Нестварно, фантастично прво полувреме од мега – дербито меѓу Барса и Реал, во денешното Ел Класико и 4:2 за Барса на “Монжуик“.
Мбапе во 5.минута реализираше од пенал за 0:1, веќе во 14.минута беше 0:2 со вториот негов гол.
И потоа на сцена стапи ураганот- Барселона за пресврт, за 4:2.
Ерик Гарсија, Јамал, Рафиња двапати за пресврт.
Што ли само ќе гледаме во второто полувреме?
Шест голови, пенали, прекрасни голови, тоа го можат само Барса и Реал.
Се разбира дека гори на “Монжуик“, фановите на Барселона во екстаза, фудбалскиот свет во екстаза.