Македонија оди на ЕП 2026. Македонија уште еднаш покажа квалитет и под водство на електорот Кире Лазаров се пласиравме на уште едно големо натпртеварување во низа. Нашите момци вечерва во “Борис Трајковски“ја победија Литванија и ставија печат на пласманот на ЕП.
Секако дека како и секогаш, и сега капитенот Филип Кузмановски беше еден од нашите најдобри поединци. Еве што кажа Фитиљ по мечот:
“Пред се сакам да им се заблагодарам на цела јавност во Македонија, на публиката која вечерва не бодреше од трибините. Навистина сум среќен и горд сум на моите момци и овој пласман на ова ЕП многу ни значи на сирте нас. Да, на Македонија и е местото и на ова ЕП, одлично што ова е нов пласман во низа на големи натпреварувања. Покажавме квалитет, покажавме дека оваа екипа има многу квалитети што ветува. Растеме како екипа, ние сме како тим. Не издвојуваме поединци, сите сме едно, и тоа се покажува на терен. Беше тешко, Литванија е добра репрезентација, но целта е остварена“ посочи капитенот и продолжи…
“Одиме на ЕП, навистина сме среќни. Можеби почнавме малку тешко, се осети и малку замор. Но, кога се игра за Македонија како да има посебна енергија во нас. Се трудам да бидам добар зошто сум капитен. Треба да бидам пример како на теренот така и надвор од него. Младите играчи треба да учат како што ние учевме од Кире Лазаров, од Миркуловски, Мојсовски, Стоилов…“ заврши Кузмановски.