39 гола во дебитантската сезона: Мбапе е нов рекордер на Реал (М)!

263

Килијан Мбапе го урна рекордот по бројот на постигнати голови во првата сезона во дресот на Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач постигна хет-трик против Барселона во 35-то коло од Ла Лига со што стигна до 39 гола на официјални натпревари за мадридскиот тим. Претходно, напаѓачот го престигна Кристијано Роналдо, кој постигна 33 гола во својата дебитантска сезона.

На тој начин Мбапе го урна рекордот на Иван Заморано. Чилеанецот во дебитантска сезона во 1992/93 постигна 37 гола.

ПретходноПознати се сите 24 патници на ЕП, Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците
СледноИ повеќе од заслужено: Ракометарите ќе поделат премија од 3 милиони денари