Актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс, убедливо го победи Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ со 115:93, со што ја оствари првата победа во оваа полуфинална серија од плејофот во Источната конференција на НБА и намали на 1:2.
Од почетокот на натпреварот, гостите ја зголемуваа разликата, па на крајот од првата четвртина имаа +16 (36:20), на полувреме +25 (71:46), а кон крајот на третата четвртина имаа најголеми +31 (96:65), доволно за убедлива победа.
За разлика од натпреварите во нивниот „ТД Гарден“, кога имаа 25% процент на шут за три поени, сега Бостон ја подобри реализацијата.
Причард беше најдобар стрелец во победничкиот тим со 23 поени. Џејсон Тејтум ја комплетираше статистиката со 22 поени, девет скока и седум асистенции. Џејлен Браун постигна 19 поени, а Дерик Вајт 17. Стрелците на Никси повторно беа предводени од Џејлен Брансон со 27 поени и седум асистенции. Со лоша шутерска вечер (5/18), Карл-Ентони Таунс заедно постигна 21 поен и 15 скока.
Минесота Тимбервулвс поведоа со 2:1 против Голден Стејт Вориорс во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА, откако победија со 102:97 во третиот натпревар во Сан Франциско. Гостите ги предводеше Ентони Едвардс со 36 поени, а потоа следуваше Џулиус Рендл со 24 поени, 12 асистенции и 10 скока. Тимот на Вориорс, кој беше без повредениот Стеф Кари, го имаше Џими Батлер со 33 поени, седум скока и седум асистенции.