Ивановски: До пред три месеци бев во Втора лига, сега одам на Европско

821

Со два гола, Мартин Ивановски денеска дебитираше во дресот на Македонија пред домашната публика. Пресреќен од добиената шанса, но и од пласманот на Македонија на ново ЕП, младиот ракометар по мечот изјави:

„Со оглед на тоа што до пред три месеци бев во втората лига, а сега се пласирав на Европско првенство, ова е голем напредок за мене. Многу сум среќен што добив шанса да играм за Македонија. Мислам дека го дадов максимумот и во следните натпревари ќе бидам уште подобар. Знаевме што сакаме од почетокот, имавме идеја во главата, никогаш не се откажавме. Публиката ни беше наш 8-ми играч и со ладни глави успеавме да дојдеме до победата. Имав малку и позитивна трема, но имав поддршка од сите“.

ПретходноФилип Кузмановски: Кога играме за Македонија како да имаме посебна енергија во нас!
СледноИнтер славеше на гости кај Елмас и остана во трка за Скудетото