Во еден исклучително необичен натпревар кој дури беше прекинат во еден момент поради обилни врнежи од дожд и потопен терен, Интер славеше на гостувањето кај Торино со 0:2 и остана во трката за шампионската титула. Тимот на Симоне Инзаги постигна триумф против тимот на нашиот Елмас, кој и денеска одигра 90 минути за својот тим, но веќе трет меч едноподруго не успева да се израдува на победа.
Гостите поведоа во 14-тата минута по одличниот гол на Никола Залевски, a Kристијан Аслани од белата точка во 50-тата минута зголеми и на 0:2.
Со денешната победа, Интер се израмни со Наполи, кој исто така има 77 бода, додека Торино е 11-ти со 44.