Македонската ракометна репрезентација сама ќе ја крои судбината за пласман на ЕП 2026 година. Математиката е јасна, нашите момци мора да ја победат Литванија со најмалку два гола за да заверат ново големо натпреварување. Директниот конкутент има шест бода, два повеќе од Македонија.
Селекторот, Кирил Лазаров го објави составот за овој меч. Лазаров одлучи да не прави промени, ќе настапи со истите сили како против Естонија.
Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.