Лазаров: Одигравме екстра меч, знаевме што сакаме

839

Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ќе ја води Македонија на трето Европско првенство. Со денешната победа, Македонија под водство на Лазаров ќе настапи на четврто големо натпреварување по ред.

„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојдоа и навивачите по таа победа од 19 гола разлика за да не поддржи на овој важен натпревар. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Имавме екстра-квалитетен меч, знаевме што сакаме. Секоја чест за целиот тим. Сега ќе играме со најдобрите во Европа“, изјави Лазаров.

ПретходноСтефанов лично им честиташе на ракометарите: Имаме дух, енергија, дишеме заедно, честитки и со среќа!
СледноБраво Македонијо! Одиме на ново Европско! (ФОТОГАЛЕРИЈА)