Полувреме: Без голови на ФФМ, 1:1 е во Струга и на Чаир каде заедно позираа Шкупи и Тиквеш за Андреј Лазаров! (ФОТО)

169

Завршија првите полувремиња од четирите средби од 32.коло во нашата елитна лига.

На дербито кое се игра на ФФМ меѓу Работнички и Вардар нема голови. Вардар нешто подобар, ако се знае дека Мато имаше шанса а Закариќ во 45.минута ја погоди стативата на Работнички.

Во Кратово домашниот Силекс и Пелистер исто така играат 0:0.

Во Струга, домшниот тим поведе со 1:0 со голот на Кехинде, за да Брера израмни на 1:1 со голот на Ндзенгуе. На Чаир пак гостите од пенал со голот на Миловановиќ поведоа со 0:1, за да Имери со прекрасен шут од далечина израмни на 1:1.

May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and text

Пред мечот емоции на Чаир. Фудбалерите на двете екипи заедно позираа во чест на Андреј Лазаров.

ПретходноФиналистите во ЛЕ со порази дома, нов кикс на Нотингем!
СледноЕл Класико: Џабе хет-трикот на Мбапе, Барса почна да слави титула! (ВИДЕО)