Реал Мадрид ќе мора да плати отштета за Чаби Алонсо!

272

Официјално по завршување на сезоната во Бундеслигата, Чаби Алонсо ќе ја напушти тренерската клупа на Леверкузен. Тоа го објави самиот стратег, а тоа официјално го потврди и клубот. Се знае дека Чаби Алонсо ќе се пресели во Реал Мадрид, се чека само на официјална потврда од таборот на “кралевите“.

Сепак со оглед на тоа дека шпанскиот стратег има договор со Леверкузен до јуни 2026 година, според медиумите во Германија, првиот човек на Реал, Флорентино Перез ќе мора да плати отпштета. Истата изнесува меѓу 7 и 10 милиони евра, во зависност од тоа како ќе се договорат двата клуба.

ПретходноМега понуда на Реал за Винисиус: Шпанците ги открија деталите од договорот!
СледноЛазаров: Нашата предност е домашниот терен и навивачите! Ќе се бориме до крај!