И денеска на голот на нашата репрезентација го имавме извонредниот Мартин Томовски. Повратникот во составот на Лазаров, по мечот не го криеше задоволството од пласманот на уште едно големо натпреварување.
„Среќен сум што го остваривме овој момент, оваа цел, да се пласираме на уште едно големо натпреварување. Чест ми е и задоволство да го носам дресот на македонската репрезентација и така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на момците за овој резултат, сите играме заедно, заедно победуваме и заедно губиме. Ние сме тим, и тоа е најбитно. Европското е потешко од светското, не е едноставно. Тешко е да се стигне во групната фаза, но се во свое време. Најбитно е да останеме здрави. До тогаш има време да размислуваме“, вели Томовски.