Кевин Де Брујне и официјално по завршување на сезоната ќе си оди од Манчестер Сити. Играчот за врска кој стана легенда на Сити не крие дека е разочаран од тоа дека Пеп Гвардиола и “граѓаните“ не му го продолжија договорот. Па така сега една од топ – темите во светот на фудбалот е таа каде ќе ја продолжи 38-годишниот својата кариера.
Се споменуваа екипи од МЛС, потоа Наполи, имаше „приказна“ и за Манчестер Јунајтед и уште неколку клубови, но вистинска “бомба“ лансираат дел од медиумите во Шпанија.
Тие пренесуваат дека менаџерите на Де Брујне го понудиле во Реал Мадрид и што е најважно “кралевите“ не рекле не. Значи има шанса овој можен спектакуларен трансфер и да се оствари.
Останува да се види дали така и ќе биде.