Па може да се каже и очекувано, посебно ако се знае дека и Манчестер Јунајтед и Тотенхем ги чека меч на сезоната, дуел во финалето во Лигата на Европа.
Токму затоа и не чуди што попладнево во рамките на 36.коло и двата тима се поразени на свој терен.
Манчестер Јунајтед од Вест Хем со 0:2, со головите на Соучек и Боувен. Додека Тотенхем од Кристал Палас исто со 0:2 и тоа со головите на Езе.
Нотингем Форест направи неверојатен кикс и тоа на свој терен во битката за пласман во Лигата на Шампионите ако се знае дека одигра само 2:2.
„Шумарите“ водеа со 2:1 до 81.минута Буананоте израмни на 2:2 и со тоа го расплака домашните фанови.