Костески: Покажавме карактер! Македонија треба да се радува бидејќи ракометот има светла иднина!

153

Ако се земат во предвид сите настапи во низа, македонската ракометна репрезентација 15 години по ред е на големите натпреварувања. „Црвено-жолтите“ со убедливо издание против Литванија го чекираа билетот за Европското првенство 2026 година.

Одличната игра во второто полувреме, во кое нашите ракометари летаа на теренот, беа одлични во одбраната, а уште посигурни во нападот. На македонската нација и приредија уште едно незаборавно 60 минутно ракометно шоу.

Новата генерација со неколку искусни имиња ја оствари целта – пласман на Европско првенство.

Ненад Костески после мечот не го криеше задоволството од прикажаното на теренот, особено во второто полувреме.

 „Остваривме уште една голема победа и пласиравме на ново Европско првенство во низа.  Среќни сме. Иако го загубивме мечот во Литванија, дома покажавме карактер, одигравме цврсто и машки, едноставно изгинавме на теренот. Не го отворивме мечот најдобро, но најважно е дека одигравме борбено до самиот крај. Бевме смирени, верувавме во себе, Македонија треба да се радува бидејќи ракометот има светла иднина“, изјави Ненад Костески.

Македонија противниците за ЕП 2026 ќе го добие во четврток.

ПретходноПропадна уште една сезона: Роналдо повторно не успеа да ја освои титулата во Саудиска Арабија
СледноНа Џиро д’Италија во Валона коза удри велосипедист и за малку ќе го превртеше (ВИДЕО)