Погледнете како изгледаат шеширите и кого ќе избегне Македонија на ЕП!

445

Македонската ракометна репрезентација завери ново големо натпреварување, откако синоќа се пласираше на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Селекторот Кирил Лазаров како второпласирани во својата група го заверија билетот за ЕП 2026 година, а противниците ќе ги чекаат од третиот шешир. Таму ќе бидат Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка и Полска, тимови со кои нема да се сретнат на континенталното натпреварување.

Според системот со кој ЕХФ ги одредуваше шеширите, истите пред ждрепката која е закажана за во четврток треба да изгледаат на следниот начин.

1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови

3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија

4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина

Групната фаза ќе се одигра во четири градови: Данска (Хернинг, Групи А и Б), Норвешка (Берум, Групи Ц и Д) и Шведска (Малме и Кристијанштад, Групи Е и Ф). Главната рунда ќе се одржи во Хернинг и Малме, при што првиот ќе го организира последниот викенд.

Данска ќе игра во Хернинг (Група Б), Норвешка во Берум (Група Ц) и Шведска во Малме (Група Е).

ПретходноАко не се ослободат од него летово ќе треба да го плаќаат како Роналдо
СледноФФМ со честитка за ракометарите: Добро утро шампиони! (ФОТО)