ФФМ со официјално соопштение: Се поведува дисциплинска постапка против Кожуф

1244

По неколкудневно затишје нови информации околу постапката за дуелот од ВМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Кожуф и Башкими.

Од ФФМ предмалку излегоа со соопштение, во кое се вели дека органите во Федерацијата покренуваат дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025.

Поточно, постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д.  – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф, Ф.К. Кожуф.

Постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност).

Целото соопштение од ФФМ ви го пренесуваме во продолжение.

Врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покренува постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025.

Постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д.  – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф, Ф.К. Кожуф;

Постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност).

Во писмените, своерачни изјаснувања, дел од фудбалерите посочуваат конкретни лица за кои тврдат дека дале инструкции или наредби во врска со исходот од натпреварот.

Паралелно, Основното јавно обвинителство – Гевгелија преку Министерсто за внатрешни работи (МВР) побара доставување на целокупната документација  поврзана со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ, заради водење на истражна постапка во рамки на своите законски надлежности.

Напоменуваме дека постапката во овој момент се однесува на наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена и на други лица и субјекти доколку во понатамошниот тек на постапката бидат обезбедени дополнителни сознанија или докази што упатуваат на нивна вклученост.

Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот.

ФФМ и Одделот за безбедност и интегритет остануваат цврсто посветени на заштитата на интегритетот на натпреварувањето и ќе продолжат со целосна соработка со сите надлежни институции за целосно расветлување на случајот.

ПретходноОд УЕФА најавуваат радикални промени на офсајд правилото
СледноФОТО НА КОЛОТО: Фудбалерите на Шкупи заедно со таткото на Андреј Лазаров!