Јокиќ и Денвер немоќни против Оклахома, Индијана на победа до конференциско финале (ВИДЕО)

376

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Оклахома Сити Тандер со 92:87 во четвртиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА лигата. По 48 минути напната, драматична и возбудлива игра, Денвер Нагетс беа поразени пред своите навивачи, иако во добар дел од мечот успеаја да преземат лидерство.

Со овој пораз серијата е израмнета (2:2), а и двата тима има апо една победа и еден пораз на домашен терен.

Натпреварот беше обележан со очајната прва четвртина која заврши со 17:8, изедначувајќи го рекордот во НБА за најмалку постигнати поени. Денвер Нагетс повторно беа предводени од маестралниот Никола Јокиќ, кој го заврши натпреварот со 27 поени, 13 скока и 3 асистенции, а имаше и 4 украдени топки!

Во редовите на Оклахома, Шеј Гилџес Александер имаше 25 поени и 6 скока, додека Волас и Вигинс постигнаа по 11.

Инаку, синоќа се одигра уште еден натпревар. Индијана победи дома против Кливленд со 129:109 и поведе со 3:1 во серијата. За Пејсерсите, прв стрелец беше Паскал Сиакам со 21 поен, а од друга страна, Дариус Гарланд постигна најмногу (21 поен).

ПретходноБилетите за СП 2026 се продаваат по рекордни цени, пакетот за мечевите во Њу Џерси чини 73.200 долари!
СледноАко не се ослободат од него летово ќе треба да го плаќаат како Роналдо