Аталанта ја победи Рома со 2:1 во 36-то коло од Серија А и со тоа му помогна на Јувентус во борбата за четвртото место и место во Лигата на шампионите. Со овој исход, Јувентус остана четврти со ист број бодови како Лацио и бод повеќе од Рома.
За Рома ова беше прв пораз после пет месеци, имаше серија од 19 меча.
Аталанта поведе со Адемола Лукман во деветтата минута, но Рома возврати со Брајан Кристанте во 32-та минута. Сепак, Аталанта победи со голот на Ибрахима Сулемана во 76-тата минута и со тоа обезбеди место во Лигата на шампионите следната есен, на две кола до крајот.
Во следното коло, Рома го пречекува Милан, Јувентус Удинезе, а Лацио гостува кај Интер. Болоња и Милан се исто така во борба за Лигата на шампионите. Болоња гостува кај Фиорентина.