Барса му понуди нов двегодишен договор, a тој вели: Прво да ја прашам жена ми…

536

Полскиот чувар на мрежата на Барселона, Војчех Шчесни, кој се врати од пензија за да брани за Каталонците, сега доби понуда за нов двегодишен договор со Барселона. Полскиот голман му помогна на клубот да излезе од тешката ситуација по повредата на Марк-Андре тер Штеген и неговата заслуга не остана незабележана од клупското раководство.

„Морам да одлучам заедно со моето семејство што е најдобро за нас. Чувствувам дека им должам на моето семејство и на сопругата да ги донесуваме овие одлуки заедно, па затоа сè уште не сум одлучил ништо. Повеќето одлуки за домот ги носи мојата сопруга, и воопшто не се срамам од тоа. Нормално јас ги носам фудбалските одлуки, но ова е многу невообичаена ситуација бидејќи бевме решени да дојдеме тука една година за да ги оствариме нашите соништа, а потоа да се вратиме на голфот. Ќе одлучам во наредните недели“, призна Шчесни.

ПретходноЗаслужено: Усман Дембеле е најдобар играч во шампионатот на Франција
СледноИХФ ја одбра Хрватска пред Македонија!