ИХФ ја одбра Хрватска пред Македонија!

237

Македонската женска ракометна репрезентација нема да игра на престојното Светско првенство. Меѓународната федерација (ИХФ) одлучи единствената вајлд карта за Мундијалот да и ја додели на Хрватска.

РФМ поднесе барање до ИХФ за вајлд-карта но истата отиде во рацете на Хрватска. ИХФ не наведе посебни критериуми за начинот на доаѓање до истата, но секогаш го зема во предвид општиот развој и популарноста на ракометот во земјата кандидат, неодамнешните спортски достигнувања и потенцијалното влијание на учеството врз глобалниот развој на спортот.

Претходно вајлд-карт доби Кина со што е комплетиран списокот на учесници на СП кое се одржува во Германија и Холандија од 26 ноември до 14 декември.

ЕВРОПА : Австрија, Хрватска, Чешка, Данска, Фарски Острови, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Србија, Шпанија, Шведска, Швајцарија.

АФРИКА : Ангола, Египет, Сенегал, Тунис.

АЗИЈА : Иран, Јапонија, Казахстан, Кина, Јужна Кореја.

ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА : Аргентина, Бразил, Парагвај, Уругвај.

СЕВЕРНА АМЕРИКА И КАРИБИТЕ : Куба.

ПретходноБарса му понуди нов двегодишен договор, a тој вели: Прво да ја прашам жена ми…
СледноШкендија ќе ја прослави титулата со навивачи на трибините