Бобан Николов и колумбиецот со македонски пасош, Себастиан Херера се најдоа во тимот на колото во шампионатот на Босна. Тие викендов со својот тим Борац Бања Лука извојуваа минимална победа од 1:0 над тимот на Вележ од Мостар, во која Николов беше асистент за единствениот гол на мечот, кој пак го постигна Деспотовиќ.
Борац е во мртва трка за титулата во домашниот шампионат, и е на само бод од лидерот Зрински.
Николов, Херера, но и голманот Шишковски, со својот тим имаат фантастична сезона во која Борац стигна до елиминационата фаза од Лигата на Конференции.