Омерагиќ во посета на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

211

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, заедно со претставници од ФФМ, денес ја посетија Битола и извршија увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, со цел да се исполнат условите на УЕФА, за одигрување на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.

За одигрување на ваков натпревар од меѓународен ранг, потребно е да се извршат подготовки и да се исполнат критериуми за добивање на лиценца од комисија на УЕФА. Градоначалникот Тони Коњановски и претседателот Масар Омерагиќ, разговараа околу подготовките и преземањето на обврските од страна на општината и од ФФМ, со цел Битола да биде претставена во најдобро светло. На 9 септември, Битола треба да биде домаќин на натпреварот Македонија – Италија, за фудбалери до 21 година.

Во знак на добрата соработка, Омерагиќ му подари на градоначалникот Коњановски репрезентативен фудбалски дрес со негово име, кое го носи бројот 9.

ПретходноКарло Анчелоти им го поставил најлудиот услов на Бразилците
СледноПСЖ му се јави на Мбапе: Ни должиш 98 милиони евра!