Ојлески: Секогаш ќе бидам тука за Македонија! Местото ни е на ЕП!

135

Македонската ракометна репрезентација повторно ќе биде дел од европскиот крем. Новата генерација со помош од неколкуте искусни имиња успеа да избори пласман на Европското првенство 2026 година, противниците ќе ги добие во четврток.

Селекторот, Кирил Лазаров за последните две квалификациски средби, кои беа одлучувачки не можеше да смета на составот од Мундијалот, тој се соочи со бројни проблеми. За дуелите против Естонија и Литванија во дресот на Македонија се врати Гоце Ојлески му подаде рака на Лазаров и дојде да помогне во битката за пласман на уште едно големо натпреврување.

„Како и секогаш, тука сум за репрезентацијата, да помогнам кога ќе бидам повикан да дадам свој придонес. Среќен сум што дадов една „рака“, помогнав да се пласираме на ова Европско првенство. Стручниот штаб си ја знаеше работата, бевеме фокусирани само на нашите мечеви, се подготвувавме натпревар за натпревар. Не размислувавме многу за дуелот Литванија – Словенија, сакавме ние да одиграме најдобро што можеме во Талин, да го покажеме нашето лице. Одигравме два одлични натпревари и во Естонија и тука и заслужено сме на ЕП. Македонија секако дека заслужува да биде дел од континенталниот ракометем собир“, порача 35-годишниот Гоце Ојлески.

ПретходноФлик: Ќе треба да ми го проверат срцето
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 32. КОЛО: Закариќ повторно најдобар