Македонската ракометна репрезентација завери ново големо натпреварување, откако синоќа се пласираше на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.
Селекторот Кирил Лазаров како второпласирани во својата група го заверија билетот за ЕП 2026 година, а противниците ќе ги чекаат од третиот шешир. Таму ќе бидат Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка и Полска, тимови со кои нема да се сретнат на континенталното натпреварување.
Според системот со кој ЕХФ ги одредуваше шеширите, истите пред ждрепката која е закажана за во четврток треба да изгледаат на следниот начин.
1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови
3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина
Групната фаза ќе се одигра во четири градови: Данска (Хернинг, Групи А и Б), Норвешка (Берум, Групи Ц и Д) и Шведска (Малме и Кристијанштад, Групи Е и Ф). Главната рунда ќе се одржи во Хернинг и Малме, при што првиот ќе го организира последниот викенд.
Данска ќе игра во Хернинг (Група Б), Норвешка во Берум (Група Ц) и Шведска во Малме (Група Е).